На кафе – муабет со КК Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Инспирирани од добрите резултати кои КК Куманово ги оствари на последните неколку натпревари, како и фактот што кумановскиот тим во моментот војува на две полиња, т.е во домашната, како и во Балканската БИБЛ лига, одлучивме да ги посетиме на еден од редовните тренинзи, и да видиме како изгледаат тие ”големи” луѓе кога не се на паркетот во трка за победа.

Loading...

Capture100

Откако ги ”снимивме” како во тренерки скокаат во салата на СОУ ”Перо Наков”, првин го испочитувавме официјалнот тренер Страшо Тодоровиќ, а потоа ги почекавме во ресторанот спроти спортската училишна сала, и тука ги “фативме” во тесно да одговорат на некои прашања кои се далеку од спортските теми.

Кумановските кошаркари беа помалку срамежливи пред камерите на Кумановски Муабети, но, некако се одлучија да презборат на теми како што се потребата од кино сала во градот, дискотека и скромни културни збиднувања.

Дека кумановките се во ТОП 3 најубави жени од Македонија, добивме и лична потврда од Костоски, кој од разбирливи и субјективни причини, тоа и јавно го призна гледајќи во објективот на Кумановски Муабети.

Capture101

На кошаркарскиот клуб Куманово му посветивме петнаесетина минути од нашето време, за кое сметаме дека е недоволно во споредба со тоа што тие го прават за спортска промоција на овој град.

Нив во среда ги очекува важен натпревар во рамките на БИБЛ, а нам, надеж дека и овојпат, тие ќе успеат во намерата Куманово да го промовираат како град кој не знае да губи.

Loading...

Видеото е изработено со помош на нашите колеги од FrameIn продукција, и со помош на ентузијазмот, во етерот да оставиме печат од едно време и едни луѓе кои се пред се, скромни и добри момци.

Leave a Reply