На граничниот премин „Табановце“ е отворена сувенирница (фото)

Сподели со своите пријатели

Во присуство на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, на граничниот премин „Табановце“ со работа започна сувенирницата која има широк асортиман на сувенири со културно и историско богатсво на Република Македонија.

Loading...

Овие сувенири се интересни за сите странски туристи кои ја преминуваат границата, а од предвидени 20, оваа е 19та по ред отворена во близина на граничните премини. Следната, воедно и последна ќе биде отворена на граничниот премин Деве Баир.

Се надевам дека и оваа сувенирница како и претходните успешно ќе функционира. Тие се отворени од 10 до 18 часот, во зависност од интересот може да се продолжи работното време до 22 часот. Се надевам дека ќе имаат голема продажба, и ние сите продадени сувенири ги дополнуваме со нови сувенири – изјави министерката.

11995538_10207997942573432_1570425006_n

Како што додава Канческа Милевска, истражувањата на локалитетите Кокино и Градиште се изстражени, а екипи од Музеј Куманово ќе работат на Костоперска карпа, Црквиште, се конзервираат 72 икони од црквата Свети Никола, ќе се работи на конзервација на манастирот Забел, а следната година ќе се санира манастирот Карпино до каде треба да се изгради и пат во должина од шест километри.

Со ова се надевам дека ќе успееме да ги анимираме сите кои влегуваат и излегуваат од Македонија, нашите граѓани кои на заминување ќе понесат нешто автентично“-изјави Цветановска.

11997245_10207997942173422_1451166940_n

Претходно министерката го посети музејот на град Куманово, каде со директорката разговараа за проектите со кои се истражуваат археолошките наоѓалишта.