Франција го казни Епл со 25 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Француската агенција за заштита на потрошувачите во петокот објави дека „Епл“ се согласил да плати казна од 25 милиони евра за неинформирање на корисниците на „iPhone“ дека ажурирањето на софтверот може да ги забави постарите уреди.

Loading...

Скандалот избувна во декември 2017 година, кога американскиот технолошки гигант призна дека постарите модели на телефони се забавуваат по инсталирањето на најновиот софтвер за iOS, со значително влошена состојба на батеријата.

Епл против универзален полнач, бидејќи „ќе им штети на корисниците“

Критичарите ја обвинија компанијата дека ги принудува клиентите да купуваат нови модели порано отколку што е потребно.

Протестите го натераа „Епл“ да го ажурира софтверот и да понуди големи попусти за замена на батеријата.

Француските обвинители отворија истрага во јануари 2018 година, на барање на Здружението Halt Planned Obsolescence.

Таен тим на „Епл“ развива сателити за пренос на податоци

„Сопствениците на iPhone не се информирани дека инсталацијата на ажуриран iOS (10.2.1 и 11.2) може да ги забави нивните уреди“, се вели во соопштението на агенцијата за борба против измама DGCCRF.

Loading...

„Ова е историска победа над скандалозните практики што се засноваат на принципот „само фрли и купи нов“- победа и за потрошувачите и за околината“, велат коосновачите на ХОП, Лалетијаја Васеур и Самуел Соуваж.

Тие, исто така, ќе размислат за поднесување дополнителни отштети за клиенти на iPhone.

„Епл“ плаќа казна од половина милијарда евра поради соработка со словенечка фирма

„Епл“ објави дека е задоволна од спогодбата со DGCCRF, што ќе му овозможи да избегне потенцијално засрамувачко јавно судење.

„Нашата цел секогаш беше да произведуваме безбедни производи што ќе ги ценат нашите клиенти. Важен дел од ова е да создадеме iPhone кој ќе трае што е можно подолго”, објави американската компанија.

Leave a Reply