На антибиотикот првин реагира стомакот

Сподели со своите пријатели

Антибиотици се лекови кои масовно се користат и благодарение на нив успешно се лекуваат дури и најтешки инфекции, но скоро не постои ниту еден лек од оваа група кој не ја нарушува природната рамонотежа во цревата, каде е лоциран 70% од човековиот имунитет.

Антибиотиците имено, неселективно ги уништуваат како лошите, така и добрите, пробиотсички бактерии во нашите црва. Тоа доведува до нарушување на ефектот на бариера, слабеење на имунитетот и промена на рамнотежата во дигестивниот тракт. Со често и длоготрајно применување на антибиотиците се зголемува можноста за појава на резистентни бактерии отпорни на антибиотици во цревата. Во состоја на ослабнат имуинитет тие резистентни бактерии често предизвикуваат нови инфекции кои можат да доведат до посериозни пореметувања како дијареја, болки во стомакот, колитис и слично.

Ако наитбиотикот е со поширок спектар на дејстување и ризикот од дијареја е поголем. Лекарите тврдат дека дури 35% од пациентите добиваат дијареја предизвикана од антибиотици. Во најголем ризик се младите и постарите од 65 години.

Празен желудник

Антибиотиците кај најголемиот број луѓе предизвикуваат болки во стомакот, псоебно во желудникот. Тоа се случува кога антибиотикот се пие на празен стомак. За среќа, поголемиот дел од нив може да се земаат со храна, дури се намалува можноста за појава на болка. Сепак терапијата бара земање на лекови пред јадење, посебно избегнување млеко, дури три часа од внесувањето на лекот.

Затоа е важно лекарот да ви нагласи кој антибиотик треба да се зема на гладен стомак, а кој не.

 

Loading...