На 11ти ноември ќе се одржи трката „Born 2 Run“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 11ти ноември во рамките на програмата за одбележување на Денот на ослободување на Куманово ќе се одржи трката „Born 2 Run“.

Loading...

Трката е настан организиран од Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД во соработка со Општина Куманово, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и МВР-СВР Куманово, а главна цел е да ги собере младите од Куманово и државата на едно место каде што ќе имаат можност да спортуваат, да се дружат и да создаваат нови позитивни искуства.

Born 2 Run е веќе добро познат и посакуван настан меѓу младите кој оваа година по шести пат се одржува во нашиот град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Трката ќе се одржи на 11ти ноември 2023 и ќе започне од градскиот плоштад „Нова Југославија”.

Меѓу истакнатите гости кои ќе присуствуваат на овој настан се и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, градоначалникот на општина Куманово, претставници од СВР Куманово и многу други гости.

Добредојдени да учествуваат се сите, само треба да се регистрираат пред почетокот на трката од 11 до 12 часот на самото место.

Трката ќе започне во 13:00 часот, а час и половина подоцна ќе се доделат и награди за најдобрите.

Како што информираат организаторите, за време на трката ќе бидат блокирани одредени улици во град Куманово и тоа: „Гоце Делчев“, „IIIта МУБ“, „Железничка“, „Октомвриска Револуција“ и „Доне Божинов“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

Рутата на самата трка е достапна ТУКА.