Во последното деноноќие 1.422 странски државјани добиле потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 571, Авганистан – 564 и Ирак – 287, од кои 637 се од машки пол, 292 се од женски, 488 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште пет деца кои патуваат без родител.
Од почетокот на оваа година заклучно со вчерашниот ден, издадени се потврди на вкупно 8.923 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 3.587, Авганистан – 3.057 и Ирак – 2.279.
Во изминатото деноноќие, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан. Воедно тоа се и првите барања за признавање право на азил за оваа година.