Како што јавува МВР, во текот на изминатите 24 часа, на ТЦ Гевгелија, издадени се потврди на вкупно 3.752 странски државјани, од кои најбројни за пријавени потврди се државјаните на Сирија-1.891, Ирак-1.082 и Авганистан–779.
Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 388.233 странски државјани, додека до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил во текот на последните 24 часа.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 31.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 86 барања за признавање на право на азил.