МВР: Нови 3422 регистрирани бегалци во последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на изминатото деноноќие, во ТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 3.422 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-1.210, Ирак-1.194, Авганистан–1.018.

Loading...

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 334.220 странски државјани, од кои, најбројни се државјаните на Сирија-192.641 потоа Авганистан-80.986, Ирак-39.152,  додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 12 декември,  до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, додека во изминатото деноноќие не е поднесено ниту едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.