МВР излезе со соопштение за инцидентот во село Лопате

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера вечер околу 19:45 во с. Лопате, Куманово поради претходна расправија на браќата Ф.А.(33) и Ф.А. (30) и уште едно засега непознато лице за полицијата со автомобил марка „Фолксваген Венто“ со кумановски регистарски таблички му го попречиле патот на автомобилот „Фолкваген Шаран“ со австриски национални ознаки во кое се наоѓаче В.З.(18), неговиот брат Ф.З.(18) и Р.А.(20), по што осомничените излегле од возилото и Ф.А.(33) со ракохват од пиштол почнал да удира на страничното стакло на возачката врата од другото возило по што В.З. го стартувал истото и тргнал, но удрил во заштитна ограда и застанал.

Loading...

Истите веднаш биле физички нападнати, а Р.А. бил удрен и со тврд предмет во пределот на главата.

Со телесни повреди се здобил и Ф.З. и истите биле пренесени во МЦ во Куманово за укажување на лекарска помош.

Од страна на СВР-Куманово излезено е на местото на настанот и извршен е увид, а по трите осомничени лица се трага и се работи на целосно расчистување на случајот.

Инаку ова е трета вооружена престрелка во куманосвкиот регион во последните месец дена, а граѓаните секојдневно ги вознемируваат истрели од огнено оружје и пиротехнички средства од разни веселби во градските населби.