Музејот Гулаг во Москва е привремено затворен

Сподели со своите пријатели

Историскиот музеј Гулаг во Москва вчера ја прекина својата работа, објавено е на веб-страницата на музејот.

Loading...

На посетителите кои однапред купиле билети за тури и настани ќе им бидат вратени парите, јавува рускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Официјалната причина за затворањето на музејот е тоа што при увидот во објектот биле констатирани прекршоци за противпожарна заштита.

„Според заклучокот, тие претставуваат закана за безбедноста и удобноста на посетителите и мора да бидат елиминирани“, се вели во соопштението.

На 30 октомври, Денот на сеќавање на жртвите на политичката репресија, во Музејот се одржа акцијата „Молитва за сеќавање“ во која во текот на целиот ден се читаа имињата на оние кои беа изложени на репресија за време на „Големиот терор“ на Сталин.

Ваквите акции наречени „Враќање на името“ се одржуваат секоја година во различни градови во Русија и во странство.

Оваа година Канцеларијата на градоначалникот на Москва не се согласи да се одржи акцијата „Враќање на имињата“ на каменот Соловецки на плоштадот Лубјанка во Москва, наведувајќи ги ограничувањата поради Ковид.

Во последниве години, властите во многу градови одбиваат да ја одобрат оваа акција од формални причини, пренесува Танјуг.

Loading...

Од некои музеи пристигнаа информации дека добиле усни упатства „одозгора“ да одбијат да го одржат настанот.

Роскомнадзор ја блокираше веб-страницата на кампањата без да наведе причина.

Шефот на Претседателскиот совет за човекови права Валери Фадеев на 30 октомври изјави дека сега во Русија нема политичка репресија.

Тој го нарече сегашниот прогон за антивоени ставови „минимални санитарни мерки“.