МТСП: Одлуката за одземање на ингеренциите ќе се поништи

Сподели со своите пријатели

Одлуката со која Министерството за труд и социјална политика му ги одзема ингеренциите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за градинката „Ангел Шајче“, ќе биде поништена.

Loading...

Ова денеска го соопштија од ресорното министерство додека траеше прес конференцијата на Димитриевски, на кој тој обвини дека власта одновно му ги одзема ингеренциите, за да си постави партиски директор.

Од МТСП велат дека на 31ви месецов завршува мандатот на актуелната директорка Марина Алексовска, поради што Управниот одбор на институцијата го известил градоначалникот да донесе одлука за објавување на оглас за избор на нов директор.

– Бидејки градоначалникот не постапил по известувањето Министерството за труд и социјална политика на 27.03. му  достави укажување за постапување, согласно законот за заштита на децата со оглед на итноста од еден ден. Бидејки во рокот градоначалникот не постапи беше донесена одлука за одземање на ингеренциите на ден 03.04.23 година, стои во објаснувањето на министерството.

Сепак оттаму велат дека денеска ја добиле одлуката на Димитриевски и нивното решение за одземање на ингеренциите ќе го поништат.

– Градоначалникот доставил одлука до градинката, а денес 5.04. го извести и министерството дека ја донел спорната одлука на ден 31.03.23. Бидејќи е постапено по укажувањето  одлуката за одземање на ингеренциите министерството ќе ја поништи, стои во соопштението.

Со оглед дека одговорот на МТСП пристигна додека сѐ уште траеше прес конференцијата на Димитриевски, тој вели дека ја поздравува одлуката, но истовремено го осудува потегот кој го смета за мешање во работата на локалната власт.

– Ја поздравувам таквата одлука на министерството, но од друга страна го осудувам во целост ваквиот обид за мешање на централната власт во надлежностите на локалните власти, рече тој.

Loading...

 

Никола Ивановски