МТСП и АВМУ со заеднички заложби за унапредување на родовите прашања

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски, денеска одржаа заедничка прес-конференција посветена на прашањата за родовите, родово базираното насилство и начинот на известување на медиумите.

„Моќта на медиумите и нивната способност за професионално известување на јавноста, подигање на свеста како и креирањето на мислењето на целокупната јавност е огромно. Затоа од особена важност е споделување на точни информации од нивна страна, а наша задача како институции е да ги обезбедиме истите„ истакна Тренчевска во своето обраќање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Влеговме во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствена држава

Таа посочи и на заложбите на министерството за труд и социјална политика во однос на унапредувањето на родовата еднаквост во државата.

„По ратификувањето на Истанбулската конвенција, се усвои Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, а со тоа се придонесе за значително подобрување на институционалната и сеопфатна помош и поддршка на жртвите на родово базирано насилство. Целта е превенција и ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово базирано насилство со почитување на основните човекови слободи и права“ рече Министерката.

Директорот АВМУ, д-р Зоран Трајчевски ја презентираше новата специјализирана веб страница за родот и медиумите. Страницата ќе биде ресурсен центар за медиумите, место каде што можат да најдат ресурси, информации, линкови за различни аспекти на родовите прашања, вклучувајќи го и родовозаснованото насилство, но и место на кое граѓаните можат да најдат корисни линкови и информации – вклучувајќи ги и институциите и организациите од кои можат да побараат помош во случај да се подложени на родовозасновано насилство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Влеговме во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствена држава

Тој исто така посочи дека страницата се администрира од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и истата е достапна на македонски, албански и англиски јазик, а е прилагодена и за лица со оштетување на видот.

На веб страницата сите институции и граѓански организации можат да ги споделуваат материјалите и активностите кои ги работат на полето на родовите прашања, со што ќе придонесат да биде квалитетен ресурсен центар за сите новинари, истражувачи кои работат на оваа проблематика, како и за општата јавност.