14.02.2020 07:21

Мрсната храна го спречува слабеењето повеќе од јаглехидратите

Facebook Twitter Google+

Намалувањето на мастите во исхраната дава повеќе резултати при слабеење од ограничувањето на јаглехидратите.

Ова го покажува истражувањето на лекари од Американските институти за здравство, цитирано од страна на БиБиСи.

Loading...

Пет намирници кои ќе ви го исчистат организмот од маснотиите

Според научниците диетите, кај кои се ограничува внесувањето на јаглехидрати или масти се ефикасни, но подобри резултати се забележуваат кај луѓе подложени на нискомаслен режим на исхрана.

Истражувачите дополнуваат уште дека независно од тоа каква диета ќе избере човек, таа ќе биде ефикасна само доколку се почитува строго.

Резултатите на американските научници го побиваат распространетото верување дека најдобар начин за справување со вишокот килограми е ограничувањето на јагленохидратите.

Рецепт од две состојки кој ги уништува маснотиите во крвта

Според теоријата тоа доведува до пониски нивоа на инсулин, што од своја страна предизвикува ослободување на масти од депониите во организмот.

Според еден од водечките истражувачи во студијата – д-р Кевин Хол, при намалувањето на јаглехидратните храна повторно се забележува слабеење, но не толку многу, колку при ограничување на мрсното јадење.

Во истражувањето учествувале 19 лица со прекумерна тежина, кои првично добивале по 2700 калории на ден. Потоа, во текот на две недели тие биле подложени на диети – без маснотии или без јаглехидрати, кај кои овој прием бил намален за една третина.

Loading...

Здрави намирници кои не треба да ги јадете кога сте болни

Лекарите исто така ги анализирале и количините кислород и јаглерод диоксид, кои волонтерите ги вдишувале, како и нивото на азот во урината, за да можат да ги утврдат со прецизност хемиските процеси кои се вршат во организмот.

Според резултатите по шест дена на секоја од двете диети, луѓето со ограничен внес на масти губат 463г. телесни масти. Тоа е за 80% повеќе од мастите, со кои се разделуваат луѓето на диета без јаглехидрати – 245 г.

Одењето е најдобар начин за согорување на мастите

И покрај категоричните резултати според студијата во секојдневни услови каде диетите не се толку строго контролирани, не е исклучено луѓето да губат повеќе килограми од ограничувањето на јагленохидратите.

“Ако е полесно почитувањето на една диета наместо друга и придржувањето кон неа, тогаш таа треба да биде претпочитана”, вели д-р Хол.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments