Скршено срце е тагата која остава последици кои не се само од емотивна природа.
Сè повеќе истражувања ја поврзуваат состојбата на тага со зголемен ризик од срцеви заболувања, рак. Па дури и проблеми со меморијата и дигестивниот тракт.
Истражувачите од Институтот Каролинска во Шведска анализирале податоците за родителите на повеќе од 800.000 деца родени меѓу 1973 и 2016 година.
Заклучиле дека на ожалостените родители може многу да им помогне поддршката од семејството и здравствените работници.
„Скршено срце буквално крши срце“, е едноставниот заклучок на д-р Ден Веј, епидемиолог од Институтот Каролинска.
„Поединците кои изгубиле член на семејството се изложени на зголемен ризик за атријална фибрилација, срцеви заболувања, миокарден инфаркт и мозочен удар“, вели Веј.
Истражувањето, објавено во списанието JAMA, опфатило еден милион луѓе во Шведска и Данска.
Откриено е дека чувството на тага доведува до 41 отсто поголем ризик од развој на срцеви заболувања. Доведува и 30 отсто поголем ризик од мозочен удар, а ризикот е најголем во првите три месеци по загубата на саканата личност.
Според научниците причината за смртта на саканата личност нема никаква врска со причината за проблемот кај ужаленото лице. Како што е генетската врска помеѓу болеста од која починал родителот и ужаленото лице.
Објаснувањето на експертите е дека тагата може да се манифестира како физички стрес врз системите на органи и имунолошкиот систем.
Неврологот Стивен Адлер вели дека ова може да објасни и зошто луѓето почесто се разболуваат во периоди на жалост.