„Мото рок фест“ вечерва и утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Мотор рок фест вечерва и утре ќе се одржува во Куманово, поточно на паркингот пред градските базени, во организација на Мото клуб „Мечки, Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.

Loading...

Вечерва агендата започнува во 20 часот со настап на RadioStage Куманово, од 21:30 Syndicate од Куманово, а од 23:30 настап ќе има групата Brass Brothers од Битола. Забавата ќе трае до два часот по полноќ.

Вториот фестивалски ден започнува точно во 12:00 часот, а веќе од 15:30 ќе биде организирана „Foam“ забава, od 17:30 Stunt Show со Никола Радојковиќ од Србија.

Со дефиле на моторџиите атмосферата ќе се загрее од 19:00, а половина час подоцна настапува E.O.S од Куманово, од 20:30 Wardenclyffe од Куманово, еден час потоцна Live Wire од Скопје, а од 20:30 Metallica by black од Нови Сад, Србија.

Втората фестивалска вечер исто така се очекува да заврши во 2 часот по полноќ.

Влезот за сите граѓани е бесплатен.

Loading...

Leave a Reply