Западните и украинските разузнавачки агенции подготвуваат голема провокација насочена против Москва во Латинска Америка, соопшти денеска Надворешната разузнавачка служба на Русија (СВР).
„Планот е да се обвини Русија за нелегално снабдување со оружје на нарко-картелите и другите организирани криминални групи во Венецуела, Колумбија и Мексико“, се вели во соопштението, а пренесува РИА Новости.
Од СВР велат дека за таа цел во тие земји веќе се увезува оружје од руско производство, „запленето од непријателот за време на Специјалната воена операција“.
„Истовремено се подготвуваат лажни аудио и видео материјали кои ги потврдуваат „случаите“ на пренесување на руско оружје преку посредници во земјите од Латинска Америка“, додава СВР.
Според Службата, „со цел оваа „серија“ да биде поубедлива, се предлага да се поддржи со лажна документација што укажува на наводно учество на претставници на руските вооружени сили во „шемата““.
СВР нагласи дека Западот наивно сака да користи провокации за да ги убеди владите на Латинска Америка да поддржат антируски курс.
Претставниците на службата додадоа дека единственото нешто што организаторите можат да го постигнат е уште еднаш да го покажат својот недостаток на морална воздржаност и стереотипен начин на размислување, пренесува Танјуг.

