Најмалку шест лица, меѓу кои тројца членови на противпожарната служба, ги загубија животите, а најмалку 11 лица се повредени во експлозија на камион со 60 тони течен природен гас во близина на пазарот Дуњингарав, во главниот град на Монголија, Улан Батор, Канцеларијата на вонредни ситуации објави Монголија.
Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 600 пожарникари и 100 противпожарни возила, јавува Ројтерс.
„За жал, како последица на несреќата, тројца службеници на 63-та противпожарна и спасувачка единица на Националната противпожарна служба загинаа додека ја извршуваа својата должност“, напиша Канцеларијата за вонредни ситуации на Монголија во објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Пожарот кој ненадејно избувнал, според локалните медиуми, зафатил неколку околни згради, вклучително и станбени згради, а изгореле десетици автомобили.