Модна ревија на учениците од СОУ „Перо Наков“ вечерва во Занаетчиски дом

Сподели со своите пријатели

Модна ревија под насловот „Магија во кругот“ денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово.

Loading...

Станува збор за ревија каде ќе се претстават младите дизајнери од Средното општинско училиште „Перо Наков“ од македонски и албански наставен јазик.

– Оваа учебна година 2022/23 излегува прва генерација на ученици –матуранти по модуларни наставни програми во кои 3 и 4 година се спроведува  предметот Учење преку работа кај работодавец кој се реализира во  компаниите во нашиот град. Предноста и бенефитот  за прв пат крајниот производ ќе го видиме вечерва на самиот настан кој понатаму би прераснал во традиција со идните генерации, изјави Викторија Крстевска, наставник во СОУ „Перо Наков“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

 

Како што појаснува Крстевска, преку предметот, текстилните компании директно учествуваат во образовниот систем. На тој начин прават и регрутација на нов кадар кој им одговара на потребите на компанијата и се промовираат во локалната средина.

На вечерашната модна ревија учество ќе земат вкупно 32 модела, поделени во три целини.

Loading...

– Моделите ги изработија во самите компании под двојно менторство на ментор професор од училиштето и од самата компанија. Вечерта ќе ја збогатат младите теленитирани музичари  и поети од училиштето, ќе бидат изложени  модели од редизајнирани обувки изработени од  учениците од техничар за обувки и графики на учениците од отсекот графички дизајн кои ни помогнаа во изработка и на плакатот, со еден збор ќе биде настан за очи, уши и душа, додава наставничката Крстевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Настанот е отворен за сите љубители на овие уметности, а од училиштето упатуваат и покана до сите деветооделенци кои допрва треба да одлучат каде да го продолат образованието, да го проследат настанот.

Никола Ивановски