Мобилните комуникации во Москва ќе бидат ограничени за време на Денот на победата

Сподели со своите пријатели

Кремљ повика на разбирање во врска со ограничувањата на мобилниот интернет во Москва за време на прославата на 80-годишнината од Денот на победата.

Loading...

„Ова не се дефекти. Ова се ограничувања во работењето на мобилниот интернет од очигледни причини. Секако, треба да се однесуваме кон ова со апсолутно разбирање“, изјави за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на претседателот на Русија Владимир Путин, истакнувајќи дека сите потребни појаснувања за ова прашање веќе се дадени, пренесува ТАСС.

Како што истакна тој, мора да се земе предвид опасното соседство што го има Русија.

Тој нагласи дека ограничувања се можни во текот на целиот период на престој на странските гости во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден: Путин верува дека Украина е дел од Русија