МНР и МО со реакција за изјавата на Захарова

Сподели со своите пријатели

Министерствата за надворешни работи и одбрана денеска во заедничко соопштенија објавија реакција на изјравата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Захарова вели дека Русија смета оти е голема грешка одлуката на властите на Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72.

Од МНР во заедничка изјава со Министерството за одбрана велат дека Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Само Трамп може да го запре Путин, тврди полскиот претседател

– Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓунаордниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, стои во соопштението.

Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации, се додава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Едно лице загина во напад со украински дрон врз фабрика во Ростов на Дон

Никола Ивановски

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.