Многумина ѝ се смееле поради изгледот на рацете, но за тоа има сериозна причина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Како што вели, многумина и се смееле затоа што со толку малку години има „раце како баба“, но вистината е дека има причина за тоа, дури и многумина завршуваат со истиот проблем.

Loading...

– Јас сум дизајнер и многу работам со раце. Без разлика дали сум на работилници или правам групни проекти, луѓето секогаш коментираат и се прашуваат зошто моите  раце изгледаат така – ја започна својата приказна Лорен Бел.

Нејзината кожа станала збрчкана поради егзема и долгогодишното користење на стероидни креми кои ги ублажуваат симптомите. Еден од несаканите ефекти на топичните стероидни креми наведени од NHS е стареењето на кожата.

– Имав егзема како дете, па долго време користев стероидни креми. Како дете користев стероидни креми, но во последните три до четири години ги користев на секои неколку недели. Ако престанам да ги користам, рацете ќе ми се исушат и ќе ми препишат појака крема, што е циклус во кој повеќето луѓе се заробени – изјави Лорен.

Последнава година забележала дека кожата на рацете и се менува Стероидните креми предизвикаа цела низа нешта – стареење на кожата, чувствителност на сонце и влошување на симптомите на егзема.

Таа решила да ги остави стероидните креми и на природен начин да му се посвети на овој проблем.

– Шеснаесет месеци без употреба, кожата ми се врати во нормала, освен рацете. Го гледате ефектот на предвременото стареење, но тоа треба да се промени со текот на времето сега кога веќе не користам креми – објасни таа.

Прифатила дека таква кожа и е на рацете, и дека поради тоа повеќе не се чувствува несигурна, бидејќи како што тврди, сега тоа е нејзината мотивација бидејќи сфатила колку луѓе се соочуваат со истиот проблем.

Loading...

 

@cosi_care

I have wise old hands 🥲 can you guess where I used steroid creams for years?! #TSW #steroiduse

♬ original sound – keísha