Во рамки на натпреварувачката сезона за кик бокс и ММА федерација на Македонија, викендов во Прилеп се одржа првенство во ММА дисциплини на кое зеде учество клубот од нашиот град “Куманово 2006” со свои натпреварувачи и оствари добри резултати.
Емилио Богатиновски победи во категорија до 84 кг за јуниори, а Милош Делевски загуби во категорија до 66 кг.
На турнирот учество зедоа повеќе клубови од Македонија така да нашиот клуб екипно постигна добар резултат, натпреварувачите се стекнаа со повеќе искуство и секако нашиот град го прествавуваа во убаво издание.
Задоволен сум од постигнатите резултати и сакам да ја искористам оваа можност да се заблагодарам кои помогнаа да го реализираме оваа учество на турнирот, Градоначалникот и Општинскиот сојуз на спортови и некои правни субјекти – вели Илиевски.