МКК Куманово потпиша соработка со белградски Партизан

Сподели со своите пријатели

МКК Куманово потпиша договор за соработка и едукација во сите области на кошаркарското клупско работење со КК Партизан од Белград.

Loading...

Како што информираат од српскиот гигант, потпишан е тригодишен договор за соработка во областа на образованието и усовршување во сите сегменти од работата на кошаркарските клубови.

На средбите во Белград, во име на МКК Куманово присуствуваа претседателот Ненад Стојановски и директорот Андреја Маџовски, кои јасно ги истакнаа амбициите на МКК Куманово кон многу повисоки цели од сегашните.

 

 

– Соработката со клубот од Првата лига на Северна Македонија ќе придонесе за развој на регионалната кошарка и зајакнување на врските меѓу пријателските клубови и држави. Во МКК Куманово моментално настапуваат двајца поранешни кошаркари на Партизан, центарот Урош Луковиќ и плејмејкерот Тадија Тадиќ, велат од КК Партизан.

Како што е договорено, оваа соработка ќе се реализира преку заеднички едукативни програми и проекти, на начин што нема да го попречува функционирањето на редовните активности на двата клуба.

Loading...

Никола Ивановски