МКЦ „Козјак“ домаќин на 11-от „Фестивал на новиот германски филм“

Сподели со своите пријатели

МКЦ „Козјак“ ќе биде домаќин на „Фестивалот на новиот германски филм“ кој под покровителство на Амбасадата на Сојузна Република Германија и Прокредит банка ќе со држи по единаесетти пат.

Loading...

Capture

Како што велат од организацијата, фестивалот зазема посебно место во овдешниот културен живот и претставува доживување за сите љубители и изучувачи на германскиот јазик.

Фестивалот ќе се одржува во десет македонски градови, меѓу кои и Куманово при што ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија.

Филмовите на програмата го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па сѐ до денешницата, каде што се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество.

Првиот филм од фестивалот, трилерот „Роден во болка“ од серијата „Место на злосторството“, во кино салата на МКЦ „Козјак“ ќе имате можност да го погледнете веќе на 13-ти овој месец со почеток од 20 часот.