Хуан Рамос Алфонсо Пенајо (20) загинал во пукотница во селото Санта Терерса во Парагвај. Или барем така мислело неговото семејство.
Имено, неколку дена по неговото исчезнување пронајдено е телото со прострелни рани. Членовите на семејството дури остатокот од пронајденото тело го идентификувале како Хуан и организирале погреб.
Меѓутоа, на денот на погребот Хуан само влегол во домот и ги шокирал сите присутни, а на прашањето каде бил, не сакал да одговори.
Според пишувањата на тамошните медиуми, семејството не го обвинува Хуан што не им се јавил, затоа што исчезнал во дел од земјата која е позната по трговијата со дрога и луѓе.
На медиумите не им е потврдено кое е лицето кое е погребано место него.