Мирзиоев е реизбран за претседател на Узбекистан

Сподели со своите пријатели

Актуелниот претседател на Узбекистан Шавкат Мирзиоев победи на претседателските избори одржани во неделата, соопшти денеска тамошната изборна комисија.

Loading...

Според првичните резултати, Мирзијоев добил 87,05 отсто од гласовите, додека одѕивот на гласачите бил околу 80 отсто.

Немаше дилема за победата на Мирзиоев на изборите, кој беше во трка со уште тројца кандидати, непознати за пошироката јавност.

Предвремени претседателски избори Мирзиоев ги распиша по референдумот за измена на Уставот одржан на 30 април.

Мирзиоев за прв пат беше избран во 2016 година, а беше реизбран во 2021 година без вистинска конкуренција, како што тогаш посочија меѓународните набљудувачи.

Претседателот на Узбекистан (65), по професија земјоделски инженер, се претстави како реформатор кој може да ја води својата земја на патот на развојот и отворањето.

Уставната промена се однесува на времетраењето на претседателскиот мандат кој беше пет години, а сега е седум години.

Според новиот Устав, Мирзиоев ќе може да се кандидира за функцијата уште два пати, што теоретски би значело дека може да остане на власт до 2037 година.

Loading...