Балансерот во минатото беше предмет на злоупореби, рече денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој ја поздрави вчерашната одлука на Уставниот суд за времено запирање на алатката.
– Во принцип Министерството за јавна администрација не ја коментира мерката на уставниот суд, затоа што таа е извршна и се спроведува. Ако ме прашате за мој личен став, јас досега кажав, дека балансерот како една од тие одредби кој со времената мерка се стопира, мислам дека балансерот како дигитална алатка во минатато беше навистина предмет на злоупотреби и ако разгедуваме во тој контекст одлуката на Уставниот суд ја поздравувам, рече Минчев.
Како што вели, во зависност од конечната одлука на Уставниот суд, дополнително ќе се одлучува за евентуално ново законско решение.
– Законот не е во подготовка. Министерството за јавна администрација е носител на овие законски решенија. Се надевам дека во рамки на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следи, рече тој.
Повиците на протест на албанската опозиција, ги осудува, вели дека е време да се спроведат реформи во јавната администрација.
– Било каков повик на протест или дестабилизација на државата за укинување или времена мерка на балансерот, ги осудувам, затоа што сметаме сите заедно дека прироитет во општеството и државата, и сметам дека е дојдено времето и ние како влада сме спремни за таков исчекор, да направиме сеопфатна реформа во јавната администрација, но таа ќе мора да се базира на знаење, квалитет, на стурчност односно професионалност. Само така можеме како држава да одиме напред, рече тој.
Јавната администрација, посочи министерот, е столб на секоја држава за нејзиното постоење.
Никола Ивановски