Миле Андоновски нов член на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Миле Адноновски од Партијата на пензионерите од денеска е нов член на Советот на Општина Куманово.

Loading...

Тој доаѓа на позицијата советник преку коалицијата на СДСМ, откако советникот Мартин Захариев претходно си поднесе оставка.

– Го разгледа уверението за избраниот советник Миле Андоновски од коалицијата СДСМ издадено од Општинската изборна комисија и утврди дека наведениот советник има уредно и врз основа на закон поднесено уверение за негов избор. Врз основа на тоа верификационата комисија предлага на Советот на Општина Куманово да го усвои овој извештај и да изврши верификација на овој мандат, рече Лидија Костиќ, претседател на верификационата комисија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

Советникот денеска положи свечена изјава.

– Свечено изјавувам дека правата и должностите на член на советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе го почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Северна Македонија, рече Андоновски.

Инаку, советникот Андоновски беше дел и од претходниот состав на Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски