МИГ-31 се урна во Русија

Сподели со своите пријатели

Воен авион МиГ-31 се урнал во Приморски крај во југоисточна Русија.

Loading...

Пилотите се катапултирале, соопштија од итните служби, пренесуваат медиумите.

– Борбено-пресретнувачот МиГ-31 падна во шумата на десет километри од градот Алексеевка во областа Надежински – пренесува Тасс.

Се проверува состојбата на пилотот.

Според првичните податоци, нема жртви во падот на леталото.

Информацијата ја потврди прес-службата на Источниот воен округ.

Како што е прецизирано, авионот се урнал за време на планираниот тренинг лет.

– Летот беше изведен без борбен комплет. Авионот паднал на ненаселено место, на земја не е причинета материјална штета. Според првичните информации, несреќата можела да биде предизвикана од технички дефект – се наведува во соопштението.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

На местото на настанот се испратени спасувачки хеликоптери Ми-8.