Мицотакис остро кон ставовите на Макрон за испраќање војска во Украина

Сподели со своите пријатели

„За Грција не станува збор за испраќање европски или НАТО сили во Украина“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по конференцијата на европските лидери за Украина, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот во Париз.

Loading...

Мицотакис рече дека тоа е и ставот на „повеќето негови колеги“, нагласувајќи дека ова прашање ги „дезориентира напорите“ за поддршка на Украина, пренесува „Катимерини“.

Тој додаде дека на средбата била потврдена единството и решителноста на сојузниците да ја поддржат Украина да се брани од руската инвазија.

Макрон по конференцијата изјави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но истакна дека „ништо не треба да се исклучи“.

„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата објави дека целта на состанокот е да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да ѝ помогне на Украина и да се спротивстави на „наративот на Кремљ“ дека Русија мора победи во војната, која влезе во третата година“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.