Седумдесет и петгодишен кумановец вчеравечер бил пронајден починат во двор од неговата викендица во селото Војник.
– На 20.08.2026 во 19:13 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека во двор од неговата викенд куќа во село Војник бил пронајден починат Љ.Ј. (75) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Институт за судска медицина за обдукција.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

