Краткиот филм „Метакосмија“ утревечер со почеток во 19:30 часот ќе биде прикажан во Театар Куманово.
Loading...
Филот е во сценарио и режија на Мартин Давитковски, а во главните улоги се Мирослав Петковиќ и Сања Русеска, со неколку споредни ликови и повеќе статисти.
Снимател и директор на фотографија е Марко Димитриевски, со Дејан Ангеловски како асистент на фотографија и Глигор Максимовски како светло-мајстор. Монтажата е на Виктор Пешевски, а музиката е на „Egnatiа“.
Филмот е во продукција на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.
Влезот на премиерата во петок вечер, во 19:30 часот, во кумановскиот театар ќе е слободен за сите посетители.