Мерц ги предупреди САД: „Не мешајте се во внатрешните работи на Германија“

Сподели со своите пријатели

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше американската администрација за мешање во внатрешните работи на Германија, но во исто време најави телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во четврток.

Loading...

„Не се мешав во предизборната кампања пред американските избори, ниту ги повикав граѓаните да гласаат за оваа или онаа партија, а истото го очекувам и од американските политичари“, рече Фридрих Мерц (Христијанско-демократска унија ЦДУ) во интервју за јавниот сервис ЗДФ.

Мерц ги критикуваше неодамнешните забелешки на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, кои го осудија означувањето на партијата Алтернатива за Германија (AfD) како екстремно десничарска организација. Рубио зборуваше за „тиранија“ во Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хути: Договорот за прекин на огнот со САД не го вклучува Израел

„Тоа е целосно апсурдна перцепција за Германија“, рече Мерц.

Советникот на американскиот претседател, Илон Маск, ја поддржа АфД во неколку наврати пред германските избори на крајот на февруари.

Во исто време, Мерц објави дека сака што поскоро да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе разговара со него по телефон во четврток.

„Не се познаваме лично, но ќе разговараме отворено“, рече новиот германски канцелар.

Тој рече дека ќе се сретне лично со Трамп најдоцна на самитот на НАТО во Хаг кон крајот на јуни „а можеби и порано“.

Loading...

Новата коалициска влада на Фридрих Мерц во својот коалициски договор ја наведе како една од главните задачи на надворешната политика поголемата независност на Европската Унија од САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Русија немаше да ја нападне Украина ако сè уште беше дел од Г7