Меланија Трамп подготвена да се врати во Белата куќа: Ги спакувала куферите и веќе избрала мебел

Сподели со своите пријатели

Идната прва дама на САД Меланија Трамп рече дека е спакувана и подготвена да се врати во Белата куќа, каде нејзиниот син Барон (18), кој посетува Универзитетот во Њујорк, ќе има спална соба кога ќе ги посети и планира да ја оживее иницијативата за деца „Бидете најдобри“.

Loading...

Таа рече дека го избрала мебелот што сака да го донесе во Белата куќа, пренесе АП.

Како што рече, вторпат е полесно бидејќи знае во какви соби ќе живее семејството.

Таа, исто така, во снименото интервју емитувано вчера на Фокс њуз рече дека претстојниот документарен филм за нејзиниот живот, кој Amazon Prime Video ќе го дистрибуира подоцна оваа година, е нејзина идеја заснована на одговорот на мемоарите што ги објави минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шумските пожари во Калифорнија ја доведуваат во прашање Олимпијадата во Лос Анџелес

„Имав идеја да снимам филм, да снимам филм за мојот живот. Мојот живот е неверојатен. Неверојатно исполнет. И му реков на мојот агент, знаеш, ја имам оваа идеја, затоа те молам, знаеш, излези и направи договор во мое име“, рече таа.

За потсетување, во ноември кружеа гласини дека Меланија Трамп најверојатно нема да се врати во Белата куќа во следните четири години со нејзиниот сопруг.

Тогаш беше истакнато дека ќе го помине своето време помеѓу Палм Бич, Флорида и Њујорк, каде Барон ќе оди на колеџ.