МЕКСИКО: Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа кога приватен хеликоптер „Бел 206“ се урна во општина Којоакан, Мексико Сити, соопшти денеска министерот за јавна безбедност на Мексико Сити, Пабло Васкез Камачо.

Loading...

„Јас сум во општина Коџоакан каде се урна приватен хеликоптер. Досега е потврдена смртта на три лица“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.

Министерот истакна дека полицијата во Мексико Сити ќе продолжи да работи во соработка со пожарникарите, Министерството за одбрана, спасувачите, обвинителството и аеродромот Фелипе Анџелес за расветлување на сите околности на инцидентот, објави порталот „Квадратин Мексико“.

Хеликоптерот со пилот и двајца патници паднал врз зградата на автомеханичар, каде во моментот немало никој.

Канцеларијата на јавниот обвинител на Мексико Сити започна истрага за инцидентот.