Мексиканска градоначалничка добивала закани, реши да се пресели во воена база

Сподели со своите пријатели

Градоначалничката на мексиканскиот пограничен град Тихуана изјави дека решила да живее во воена база за своја безбедност, откако добила закани.

Loading...

Градоначалничката Монсерат Кабаљеро ја објави одлуката откако потврди дека полицијата во понеделникот пронашла седум мртви тела во пикап, пренесува АП.

Полицијата соопшти дека го пронашла пикапот паркиран на бензинска пумпа во Тихуана со отворена врата.

Тело завиткано во ќебе лежело на задното седиште од кабината, додека уште шест тела биле скриени под гумите и дрвените даски.

Добив закани, па ќе живеам во базата“, изјави Кабаљеро.

Локалните медиуми објавија дека воената база се наоѓа на јужниот раб на Тихуана, на околу 8 километри од градското собрание.

Кабаљеро не прецизираше од кого се заканите.

Градските власти на Тихуана во соопштението изјавија дека заканите се поврзани со „силното искуство на нејзината администрација во конфискување оружје и апсење осомничени за насилство“.

Loading...

АП потсетува дека неколку нарко картели се борат во Тихуана, која се наоѓа веднаш преку границата од Сан Диего, Калифорнија.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека истите закани биле упатени и кон гувернерот на пограничната држава Долна Калифорнија, поранешниот гувернер и градоначалникот.

Лопез Обрадор рече дека одлуката за преместување на градоначалникот во воената база била донесена пред околу две недели, „за да ја заштити“, иако тој не даде детали за заканите.

Според федералниот оддел за јавна безбедност, убиствата во Тихуана се зголемени за околу 9 отсто во изминатите 12 месеци.

Тихуана има повеќе убиства од кој било друг град во Мексико, со 1.818 убиства во 12-месечниот период кој заврши во мај.