Меѓународен турнир во пинг понг за спортистите со телесен инвалидитет се одржа во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во спортската сала на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово викендов се одржа пријателски меѓународен натпрвар во пинг понг помеѓу спортистите со телесен инвалидитет од Северна Македонија и Србија, по повод одбележување на јубилејот „500 години Куманово“, а во рамките на титулата „Куманово – Европски град на спортот за 2019 година“.

Loading...

Организатор на натпреварот беше Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите – Куманово во соорганизација и со финансиска поддршка од Општински сојуз на спортови Куманово.

Натпреварот го отвори градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски кој во својот поздравен говор истакна дека општината се гордее со резултатите што ги постигнуваат македонските спортисти – параолимпијци.

– Многу е важно спортистите со инвалидност да вежбаат и да тренираат, пред се заради добро здравје, а оние најдобрите на спортско поле да ги измерат силите во борбата за освојување на медали. Еден таков меѓународен натпревар се одржува денеска во нашиот град во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Куманово и Општинскиот сојуз на спортови што ни претставува голема чест и задоволство во рамките на одбележувањето на јубилејот 500 години Куманово и во рамките на титулата Куманово – Европски град на спортот за 2019 година. Ние ќе се потрудиме во иднина турнирот да го подигнеме на ниво на традиционален со учество на спортисти од поголем број на држави, пред се од регионот но и пошироко, рече кумановскиот градоначалник.

Loading...

Главен судија на натпреварот беше Мики Трендафиловски, а на натпреварот настапија 10 пингпонгари од нашата држава, меѓу кои Страшко Коцевски и Небојша Ташиќ од Куманово, како и 7 спортисти од Србија.

Се играше во 3 категории и во исклучително фер и коректна спортска атмосфера беа постигнати следните резултати и пласмани:

Класа 3-5

  1. Бојан Стаменковиќ – Србија
  2. Милош Стојиљковиќ – Србија
  3. Муштеба Амети – Охрид
  4. Зоран Јовановски – Струмица

Loading...

Класа 6-8

  1. Никола Јовановиќ – Србија
  2. Милан Антиќ-Србија
  3. Рубинчо Ристески – Прилеп
  4. Милан Јаниќијевиќ – Србија
  5. Марјан Зафировски – Скопје
  6. Тони Митровски – Скопје
  7. Игор Постолов – Струмица

Класа 9 – 10

  • Дарио Стошиќ – Србија
  • Страшко Коцевски – Куманово
  • Милош Тасиќ – Србија
  • Зоран Трајановски – Скопје
  • Небојша Ташиќ – Куманово
  • Вјечислав Корјакин – Скопје

Медалите и дипломите на најуспешните спортисти по одделни категории им ги врачи генералниот секретар на Параолимпискиот Комитет на Северна Македонија, Драган Дојчиноски.

Loading...

Leave a Reply