Нема македонски државјани меѓу жртвите на вчерашните терористички напади во Париз, изјавиле за НОВА од Македонската амбасада во Франција.
Loading...
Според , министер советник во Амбасадата, Габриел Атанасов има една група млади Македонци кои вчеравечер биле во центарот на Париз за време на нападите. Засега Амбасадата не остварила директен контак со нив, но добиле посредни информации дека се неповредени и се добро.