Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Путин, Дмитриј Медведев, изјави дека експлозијата на полска територија покажала дека Западот се приближува кон нова светска војна.
„Инцидентот со наводниот „ракетен напад“ на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна“, напиша Медведев на Твитер.
Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно изјави дека земјата нема конкретни докази за да покаже кој ја испукал проектилот што ја погоди фармата за жито и уби две лица.
The incident with the Ukrainian-alleged “missile strike” on a Polish farm proves just one thing: waging a hybrid war against Russia, the West moves closer to the world war.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) November 16, 2022