Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, ги повика Европејците да не „играат со авиони“, коментирајќи ја изјавата на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок, која одлуката на Холандија и Данска за префрлање на борбени авиони Ф-16 во Украина ја нарече „добар ден за Украина и Европа“.
Медведев рече дека еден од овие „добри денови“ може да биде последен за Европа.
„Ова е добар ден за Украина и, се разбира, добар ден за Европа – изјави министерката за надворешни работи, Аналена Баербок.
– О, не си играјте со авиони во вашиот песок, деца. Еден од следните слични „добри денови“ може да биде последен за Европа“, напиша Медведев на Телеграм.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.