Медиумите во оваа земја добија забрана да известуваат за политичките партии

Сподели со своите пријатели

Владејачката хунта во Мали им забрани на медиумите да известуваат за „активностите на политичките партии и здруженија“, еден ден откако ги забрани сите политички активности во земјата.

Loading...

Доцна синоќа властите на Мали издадоа наредба за забрана за известување на сите медиуми, телевизија, радио, печатени и онлајн весници.

Во соопштението не се прецизира дали на новинарите ќе им биде дозволено да известуваат за теми како економијата, кои се тесно поврзани со политиката.

Воената хунта во Мали вчера ги забрани сите политички активности, наведувајќи ги интересите за заштита на јавниот ред и мир.

Чадор-организацијата на новинарите во Мали одговори дека одбива да ја исполни наредбата и ги повика медиумските работници да се мобилизираат и да останат обединети во одбраната на правото на граѓаните за пристап до информации.

САД соопштија дека се „длабоко загрижени“ од забраната за политичка активност.

„Слободата на изразување и слободата на здружување се клучни за отвореното општество“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер за новинарите во Вашингтон.

Мали доживеа два удари од 2020 година, што доведе до бран на нестабилност што ја погоди Западна и Централна Африка, влошена со терористичките акции на исламистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.

Loading...

Мали претходно се потпираше на француските трупи за да помогнат во потиснувањето на бунтовниците.

Сепак, фрустрирана од недостатокот на напредок, владејачката хунта им нареди на француските трупи да ја напуштат земјата и наместо тоа се сврти кон руските платеници за безбедносна поддршка.

Последните француски војници го напуштија Мали во август 2022 година по речиси една деценија операции во земјата.