Триесет и деветгодишен маж од Крива Паланка е приведен под сомнение дека извршил обљуба врз една година помлада сограѓанка.
Loading...
– На 12.10.2022 во 19.40 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода И.М.(39) од Крива Паланка. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 38-годишна жена од кривопаланечко село, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски