Извршниот директор на X платформата, Илон Маск, потрошил повеќе од 277 милиони долари за поддршка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и другите републикански кандидати, што го прави најголемиот донатор на изборите во 2024 година, според Федералната изборна комисија.
Најголем дел од донацијата на Маск, 239 милиони долари, отишле на неговиот политички акционен комитет „Америка ПАЦ“, според „Си-Би-Ес Њуз“.
Маск, исто така, донираше 10 милиони долари на Фондот за лидерство на Сенатот и 3 милиони долари на MAHA Alliance PAC.
Преку „America PAC“ финансираше кампањи за поттикнување на излезноста на гласачите, преку лични посети, СМС пораки и повици, мејлови и реклами.
По победата, Трамп го назначи Маск да раководи со Одделот за владина ефикасност, заедно со поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами.