Куманово добива нов дигитален простор преку Explore Kumanovo – локална мобилна апликација создадена со цел на едно место да ги обедини настаните, локалните бизниси, понудите, интересните места и корисните информации од градот.
Идејата за апликацијата произлегла од едноставен проблем со кој секојдневно се соочуваат многу кумановци – во градот има бројни културни, забавни, спортски и други случувања, но информациите за нив се распоредени низ десетици различни веб-страници и профили на социјалните мрежи.

Токму затоа е создадена Explore Kumanovo, со идеја корисникот со отворање на една апликација брзо да може да провери што се случува во Куманово, да открие ново место, локален бизнис или актуелна понуда.
Во апликацијата корисниците можат да пронаоѓаат настани и случувања, да истражуваат локални бизниси и места, да следат актуелни понуди, да разгледуваат Explore Stories и да зачувуваат содржини што ги интересираат.

Посебен акцент е ставен на настаните, бидејќи целта е Explore Kumanovo да стане место каде граѓаните ќе можат полесно да откријат што се случува во градот – од концерти, претстави и изложби, до спортски настани, забавни содржини и други локални случувања.
„Куманово има многу повеќе што да понуди отколку што понекогаш сме свесни. Проблемот е што информациите се расфрлани и често за некој настан дознаваме дури откако ќе заврши. Нашата идеја е Explore Kumanovo да биде местото кое ќе го отвориш кога сакаш да видиш што има ново во градот, каде можеш да одиш или што можеш да откриеш“, велат од тимот на Explore Kumanovo.

Зад проектот стојат млади кумановци, а апликацијата се развива како долгорочен локален проект во кој постепено ќе се вклучуваат сè повеќе бизниси, места, настани и други содржини од Куманово.
Explore Kumanovo веќе е достапна бесплатно за iPhone преку App Store, и Android преку Google Play.
Целта на проектот е со текот на времето Explore Kumanovo да прерасне во современ дигитален водич низ градот – не само за локалното население, туку и за сите оние кои го посетуваат Куманово.
Интегрално соопштение

