Маск програмата на тимот од Давос ја нарече сатанистичка

Сподели со своите пријатели

На Светскиот економски форум во швајцарскиот моден скијачки центар Давос оваа недела се очекува рекорден број шефови на држави и влади, но вниманието го привлекуваат и истакнати имиња кои нема да стапнат на вообичаено снежните улици на тој град.

Loading...

Илон Маск ги даде своите размислувања за плановите на Светскиот економски форум да вклучи еколошки, социјални и критериуми за управување (ESG) во својата инвестициска стратегија, велејќи дека „S“ треба да значи нешто друго. „S во ESG значи сатанистички“, напиша Маск на Твитер.

Твитот беше одговор на авторот и поранешен кандидат за гувернер на Калифорнија, Мајкл Шеленбергер, кој објави серија твитови за почетокот на самитот на СЕФ во Давос и гласините дека групата има за цел глобална доминација.

„Звучи досадно“

Маск вчера изјави дека се држи настрана од Давос бидејќи настанот, на кој има повеќе панел дискусии за прашања кои се движат од монетарната политика и геополитичките жаришта до обновливите извори на енергија и јавното здравје, му „звучи досадно“.

Сепак, организаторите најавија дека ќе присуствуваат повеќе од 1.500 бизнис лидери од сите индустрии, вклучувајќи ги и шефовите на Microsoft, Uber, Pfizer, Saudi Aramco и голем број финансиски институции.

Светскиот економски форум отсекогаш бил место за промовирање на глобалната трговија и отворените пазари, кои се под голем притисок од избувнувањето на пандемијата на коронавирус.