Маск го врати Трамп на Твитер, па со провокативно меме му се изруга (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мултимилијардерот Илон Маск, новиот сопственик на популарната социјална мрежа Твитер, го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Loading...

Сега, Маск се обидува да го натера Трамп повторно да се активира на Твитер. Маск со последната објава се потруди да ја изрази својата имагинација.

Тој на својот профил сподели провокативна фотографија со цитат од Библијата.

– И не воведувај нѐ во искушение… – напиша тој со фотографија на која се гледа како човек се моли за да не падне во искушение пред него.

Својата верзија на објавата Маск ја дополни со логото на Твитер, кое го постави на грбот на жената, додека на молитвеникот напиша „Доналд Трамп“.

Коментарите под објавата само продолжија да доаѓаат. Некои продолжија да се шегуваат на истата сметка како Маск, додека други истакнаа дека неговата објава е непримерна.

Потсетуваме дека на Трамп му беше забранет пристапот на Твитер на 6 јануари минатата година кога неговите поддржувачи ја нападнаа зградата на Конгресот.

На прашањето дали планира да се врати на Твитер, тој кратко одговори дека „не гледа причина за тоа“.

Loading...