МРК Куманово против Младост Богданци до прва победа сезонава (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов забележаа победа со 25:24 откако на домашен терен го совладаа составот на Младост Богданци во крајно неизвесен натпревар.

 

 

Куманово го отвори натпреварот фуриозно, наметнувајќи го својот ритам и градејќи убедлива предност која во еден момент достигна и неверојатни 11-4!

 

 

Сепак, Младост не се предаде. Гостите се вратија во игра, ја искористија секоја можност и во вториот дел успеаја да ја свртат резултатската слика, најавувајќи неизвесна завршница.

 

 

Григор Трајковски блесна со 9 одбрани, давајќи значаен придонес во борбата за победата, додека Горан Цавејски се претвори во вистински херој во самиот финиш, кога со клучна интервенција во последниот напад на Младост го сочува водството и ги запечати двата бода за Куманово!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 2,30 промили алкохол

 

 

Омар Солиман Радван беше најдобриот стрелец на МРК Куманово со девет погодоци, додека Мохамед Карим Закарија постигна шест гола и даде значаен придонес во големиот триумф.

 

 

Кај гостите, Жељко Пејиќ беше најефикасен со шест погодоци, а Славе Јанковски и Тодор Узунчев постигнаа по пет гола.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски / фото: МРК Куманово