КБК Предатор со 12 медали и пехар од Белград: Кумановските кикбоксери брилираа во Србија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет борци на КБК Предатор од Куманово освоија вкупно 12 медали и еден пехар на натпреварувањето што се одржа викендов во Белград, Србија.

Кумановскиот клуб се враќа со две златни, три сребрени и седум бронзени медали, а посебно признание доби и Данило Методиевски, кој го освои пехарот за најдобар постар јуниор во ринг-дисциплините.

 

 

Во дисциплините на татами, Павел Јакимовски го освои златниот медал во категоријата KL OC до 69 килограми.

Сребрени медали освоија Константин Јосевски во KL OC над 69 килограми и Дамјан Маневски во KL J до 84 килограми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  50-годишен кумановец ја натепал сопругата, полицијата го привела

 

 

Бронзени одличја освоија Алекс Мартиновски, Марио Милевски, Константин Јосевски, Алекс Мартиновски и Марко Бојковски во своите категории.

Успешен настап имаа и борците во ринг-дисциплините. Михаил Младеновски освои бронзен медал во LK OJ до 75 килограми, додека Данило Методиевски триумфираше во истата дисциплина и категорија, освојувајќи злато и пехар за најдобар постар јуниор во ринг.

 

 

Христина Бојковска освои бронзен медал во LK YJ до 52 килограми, а Андреа Георгиевска се закити со сребро во LK OJ до 56 килограми.

Иако Христијан, Матеј, Теодор и Максим овојпат не стигнаа до медал, од клубот посочуваат дека и тие стекнале драгоцено натпреварувачко искуство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите над 20 степени

 

 

Тимот на КБК Предатор во Белград го предводеа тренерите Оливер Милорадовски, Оливера Свилар, Јован Крстевски и Стефан Ристовски.

Со освоените одличја и пехарот, кумановскиот клуб забележа уште еден успешен настап на меѓународната кикбокс сцена.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово против Младост Богданци до прва победа сезонава (ФОТО)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски