Маск ги бранеше мерките за намалувањата на државната администрација

Сподели со своите пријатели

Илон Маск, кој ја предводи американската Комисија за владина ефикасност (DOGE), ја посети Белата куќа за да ги брани мерките што ги спроведува за намалување на владината администрација.

Loading...

По тој повод, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која продолжува да се намалува бројот на вработени во федералните агенции, пренесува Ројтерс.

Маск, кој често беше критикуван за неговата недоволна транспарентност и растечкото влијание, рече дека е „отворена книга“ и се пошегува дека проверките на неговата работа биле како „медицински преглед“, наведува агенцијата.

Сепак, само неколку часа откако тој вети целосна транспарентност, Белата куќа го отпушти генералниот инспектор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се бизнис интересите на семејството Трамп на Блискиот Исток?

Генералниот инспектор претходниот ден предупреди дека реформите предводени од ДОГЕ го отежнале надгледувањето на 8,2 милијарди долари наменети за хуманитарна помош.

Маск ја бранеше работата на DOGE на прес-конференција, велејќи дека тоа е „здрав разум“ и дека реформите не се „ниту драконски, ниту радикални“.

Тој нагласи дека „народот сака големи владини реформи и тоа е она што ќе го добие“.

Маск призна дека некои од неговите тврдења за владините програми се неточни.

Loading...

„Некои од работите што ги кажувам можеби се погрешни и требаше да се поправат. Никој не е непогрешлив“, рече тој и додаде дека грешките брзо ќе се поправат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Републиканецот сака да го преименува Гренланд во „Red, White and Blueland“

Трамп и Маск започнаа програма за „одложена оставка“, која има за цел да ги поттикне федералните работници доброволно да ги напуштат своите работни места со финансиски надомест.

Според планот, вработените би можеле да ги напуштат своите работни места и да продолжат да ги примаат платите до 30 септември. Меѓутоа, таа програма во моментов е под судска проверка.

Претставници на администрацијата тврдат дека повеќе од 65.000 работници веќе ја прифатиле понудата, но многу вработени се загрижени, пренесува Ројтерс.

Извршната наредба потпишана од Трамп ги упатува федералните агенции да спроведат „масивни намалувања на персоналот“ и да размислат за елиминирање или спојување на оние чии функции не се наложени со закон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првите американски воени бродови поминаа низ Тајванскиот теснец, Кина предупредува на зголемен безбедносен ризик

Исто така, наложува на секои четворица вработени кои ќе ги напуштат своите работни места, да се вработи само едно ново лице, освен во секторите за безбедност, имиграција и спроведување на законот.