Машиновозачите и персоналот на Луфтханза на штрајк во Германија

Сподели со своите пријатели

Германија се соочува со штрајкови на два фронта додека германските машиновозачи и кабинскиот екипаж на германската авиокомпанија Луфтханза денеска протестираат.

Loading...

Железничкиот синдикат ГДЛ за во недела навечер најави нов, еднодневен штрајк на машиновозачите, кој почна денеска во два часот по полноќ.

Клучното барање на синдикатот е да се намали бројот на работни часови, од 38 на 35 часа неделно, со исти плати како досега, пренесува АП.

Преговорите меѓу железничкиот оператор Дојче Бан и синдикатот ГДЛ не донесоа резултати, па следеше шестиот по ред штрајк на машиновозачите.

Протестот на машиновозачите се совпадна со одвоениот штрајк денеска на кабинскиот персонал на Луфтханза на летовите кои поаѓаат од Франкфурт, главниот центар на авиокомпанијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Синдикатот на НЛО што ја претставува кабинската екипа повика на 19-часовен штрајк кој започна во 4 часот наутро.

Главните барања на НЛО се зголемување на платите за 15 отсто и еднократна исплата од 3.000 евра по вработен за да се неутрализираат ефектите од инфлацијата.

Кабинскиот екипаж на Луфтханза на летовите кои поаѓаат од Минхен утре ќе протестираат, а германската авиокомпанија проценува дека во текот на двата дена протести ќе бидат откажани вкупно 1.000 летови.

Loading...